Demo Day на Академијата за Data Science е настан со кој ја заокружуваме првата година од постоењето на Академијата преку осврт на резултатите, изработените проекти и талентите што излегоа од нашата програма во овој период.
Студентите ќе ги презентираат проектите на кои работеа како дел од програмата на Академијата
Отворена сесија за поставување прашања кон студентите и менторите од Академијата
Поврзување на нашите студенти со компании кои имаат потреба од ваков тип на кадри
Академијата за Data Science започна со работа на 01.09.2019. За само една година ни се приклучија 120+ студенти во 5 групи од кои една веќе ја комплетираше програмата. На првиот Demo Day ќе го сумираме целиот прогрес преку презентација на 5-те проекти кои ги изработија студентите под менторство на инструкторите на Академијата. Настанот ќе се одржи online со тоа што сите пријавени учесници и компании ќе добијат линк за пристап на 15-тина минути пред почетокот.
За кого е овој Data Science Demo Day?
18:00 Вовед
18:05 Претставување на Learning & Hiring Partnership програмата
18:15 Презентации и Q&A
Team 1 | Computer Vision Model
Team 2 | NLP Chatbot
Team 3 | Bank Marketing
Team 4 / Team 5 | Business Intelligence Service Project for Macedonia 2025
Team 6 | Time Series for Stock Exchange
19:30 Затворање и најава на следни активности
Computer Vision модел што препознава возраст и детектира дали едно лице носи маска или не
Machine Learning based dialog engine изграден во библиотеки на Python кој генерира одговори врз основа на веќе познати конверзации
Machine Learning модел изграден врз постоечко податочно множество кој го предвидува однесувањето на новотаргетирани банкарски клиенти
Модел што предвидува цени на берза за различни акции, заснован на невронски мрежи и регресија
Комплетен BI сервис кој автоматски пресметува коефициенти за развојот на економијата во Македонија
Модел што предвидува цени на берза за различни акции, заснован на невронски мрежи и регресија
Комплетен BI сервис кој автоматски пресметува коефициенти за развојот на економијата во Македонија
Компаниите кои ќе присуствуваат на настанот, покрај увид во проектите што се работат на Академијата, ќе имаат и достапност до најдобрите Data Science таленти што ги препорачува Brainster. Една од целите на настанот е на компаниите да им се олесни процесот на пронаоѓање на ваков тип на кадри, а на нашите студенти да им се отворат нови кариерни можности. Затоа, по завршувањето на овој Demo Day, секоја компанија ќе добие документ со детални портфолија од студентите кои се подготвени да отпочнат кариера во соодветниот домен во работа со податоци.
Ако размислуваш за обука или кариера во Data Science ова е идеална прилика да се запознаеш со искуството, активностите и типот на проекти на кои ќе работиш како студент на Академијата
Brainster HQ, ул: Васил Ѓоргов 19, Скопје
контакт: 070/233-414
[email protected]